Во Античка Грција виното ја претставувало крвта на Дионис, истовремено било и напиток на бесмртноста. Во кинеските тајни здруженија, пак, виното (од ориз) се мешало со крв и при заклетвата се служело како причесно пиење, кое овозможувало да се доживее и старост од 199 години. А виното како симбол на сознание и просветеност го познаваат сите преданија, а посебно дионизиските митови.

Во библиското предание виното е пред сè симбол на радост, но и симбол на сите дарови што им ги дава Господ на луѓето. Виното како предизвикувач на пијанство е исто така и симбол на залуденост со која Господ ги казнува неверните и бунтовниците.

Во Новиот Завет виното има голема симболика, иако не е секогаш лесно да се протолкува. Така на пример не е лесно да се протолкува претворањето на водата во вино што го направил Исус Христос на свадбата во Каан. Или на последната вечера, Исус на виното му дава нов симбол со зборовите: „Ова е крвта моја.“

Виното се доведува во врска со крвта како по бојата, така и по своето значење како билна есенција, па оттаму претставува напиток на животот или на бесмртноста.

Сите што морале да ја смират грижата на совеста, да поттикнат некој спомен, да залијат некоја болка, да изградат кули во воздухот, сите ве привикувале вас, таинствени богови скриени во плодовите на лозата... Виното е налик на човекот: никогаш не се знае до која мерка можеме да го цениме или да го презираме, ниту за колку прекрасни потези и чудовишни злосторства е способно...

Повелете во Винска Куќа „Еми“...

Сподели ја оваа информација преку:
ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР ЗА ОБЈАВЕНАТА ВЕСТ

ВАШИ КОМЕНТАРИ


Од :emi winehouse
Коментар :Who steals my name?


Од :real
Коментар :staro Club EMI Kavadarci


Од :emi
Коментар :kaj e voa potocno a


Последно во галеријата

Уметност
25 слики

Nina Moric
20 слики