Ексклузивно на Жолта Ви го прикажуваме спотот од прекрасната балада на нашиот претставник за Евровизија Ѓоко Танески, "Никогаш Доста". Инаку што се однесува до подготовките за настапот на Евровизија Ѓоко ни откри дека овој викенд ќе отпатува за Сараево каде ќе настапи на тамошниот избор за песна на Евровизија...

Паралелно со подготовките за Евровизија Ѓоко се подготвува за неговиот прв солистички концерт кој ќе се одржи на 8 април во Универзалната сала во Скопје.

Додека Ѓоко напорно се подготвува за двата големи настани кои несомнено ќе ја одбележат неговата кариера како успешна, тој најде време и за денешниот хуманитарен концерт во организација на Томато за настраданите од земјотресот во Хаити кој ќе се прикажува на МТВ.

Ги известуваме сите фанови на Ѓоко дека од наредната недела ќе се пушти официјалниот сајт на Ѓоко Танески изработен од Тимот на Жолта.

На крај ни останува да му посакаме на Ѓоко уште многу вакви успешни години.

 

Сподели ја оваа информација преку:
ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР ЗА ОБЈАВЕНАТА ВЕСТ

ВАШИ КОМЕНТАРИ


Од :riste
Коментар :pesnava mnogu mi se dopagja, Vesna i Gjoko dobar tim no sekoja chest na Zlatko Kostadinov,,,, bravo Zlate


Од :JAS
Коментар :Jaka e tipkava na spotov :P


Од :СТЕВО
Коментар :Песнава е на Весна Малинова !!! Заедно со одличниот ѓоко се добива ваква одлична песна. Само напред !!!


Последно во галеријата

Уметност
25 слики

Nina Moric
20 слики