Во лудница дошло време да им прават проверка на лудаците кој е за дома кој не е. Викнале еден, и докториве го гледаат по него на конец влече тенџере и го прашуваат:
- Што е тоа што го влечеш со тебе?

- Џеки бе, моето куче.
И го вратиле назад.
По 2 месеци го викаат пак, и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади него.
- Што е тоа што го влечеш?
- Џеки бе, кучето.
Повторно го вратиле назад.
По 2месеци уште еднаш го викаат и тој повторно тенџерето врзано на врвца го влече позади.
- Што ти е тоа што го влечеш со тебе?
-Тенџере бе тенџере, што може да е.
И го пуштиле. На излегување од лудницата, лудакот се врти накај тенџерето и му вика:
- Ќути Џеки ги излажавме...

Сподели ја оваа информација преку:
ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР ЗА ОБЈАВЕНАТА ВЕСТ

ВАШИ КОМЕНТАРИ


Од :Ангела
Коментар :Знам едно слично хD: Биле тројца во лудница и ги викнале да видат дали се за пуштање. Ги викнале сите тројца. Првиот го прашале: Каде се наоѓа срцето? Тој одговорил: Во ногата. Вториот го прашале истото прашање, а тој покажав кај стомакот. Истото го прашале и третиот, а тој покажал точно каде е и го прашале како знае и тој рекол: Епа овде има бубрези(и покажал на главата(демек мозокот)) Поздрав!!! Закон ви е вицов


Од :Emaa...
Коментар :haahaahahhahahhahhaahahaha... pozakon da nema xD


Последно во галеријата

Уметност
25 слики

Nina Moric
20 слики